ARGOGEN Spray

ARGOGEN спреј со јонизирано сребро, микронизиран зеолит и алое вера, во вид на спреј.
Многу ефикасен препарат за декубитални рани (decubitus) и секаков вид на рани, чиреви и изгореници од секаков вид. Извонредно ефикасен препарат за многу тешки, досега неизлечиви рани.   Има пролиферативно дејство односно го обновува ткивото. Има антиинфламаторно дејство односно многу брзо и за кратко време го намалува воспалителниот процес на раната. Среброто со своето антибактериско дејство уништува 99,9% од бактериите и со тоа овозможува раната многу брзо да се затвори. Заедно со докажаните позитивни својства на зеолитот и алое верата раната за многу кратко време се затвара и санира.


Поради уникатната технологија Аргоген спрејот останува стерилен и кога се употребува повеќе пати. Со самото нанесување на препаратот на раната, истиот создава чиста локална средина во и околу раната со што раната се затвара многу брзо. Сребрените јони ја спречуваат микробиолошката контаминација на раната. Значително ја забрзува регенерацијата и создавање на ткиво и кожа.
Овој препарат според многубројните клинички испитувања нема несакани ефекти.
Овој препарат не содржи животински остатоци или остатоци од храна.


Аргоген спрејот ефикасно ги затвара следните видиви рани:
* Декубитални рани (decubitus)
* Рани предизвикани од гребнатини
* Изгореници од секаков вид
* Лацерации
* Чиреви
* Секаков вид на воспалителен процес на кожа
* Габични инфекции на кожа
* Бактериски инфекции на кожа

*Брадавици


Индикации:
Минерален прав на база на силикати со апсорбирачки карактеристики, кој содржи 3% јонизирано сребро. Нанесувањето на препаратот овозможува чиста локална антибактериска средина и не овозможува бактериска контаминација на истата.

Начин на употреба:
Да се протресе добро пред употреба. Да се прска држејќи го спрејот во вертикална положба. Лесно да се притисне вентилот за арогација насочувајќи го во правец на раната. За полесни рани препорачливо е едно прскање на ден. За поголеми и подлабоки рани се препорачува две прскања на ден. Препаратот се користи само за надворешна употреба.
Спреј под притисок, да се чува подалеку од сончева светлина и извори на топлина. Ако при прскањето препаратот отиде во очи, треба веднаш да се измијат очите.
Ако дојде до инхалација, треба се исплакне устата со вода и да се пие многу вода.

Каде во медицината се употребува Аргоген спрејот:
* Интензивна нега
* Геријатрија
* Општа медицина
* Дерматологија
* Ангологија
* Општа хирургија
* Васкуларна хирургија
* Пластична и реконструктивна хирургија
* Ортопедија
* Геникологија
* Медицина за физичка рехабилитација


Аргоген спреј е медицинско помагало кое што самиот пациент може да го користи без помош на лекар. Аргоген спреј од аптека може да се купи без рецепт.
Состав:
100гр. микронизиран прашок содржи:
* Микронизиран зеолит 96,5гр.
* Јонизирано сребро 3гр.
* Алое вера 0,5гр.


Меѓународната стручна литература покажува дека кај постари пациени со рани ,лекувањето и заздравувањето на раната е 5-6 пати подолго за разлика од помлади пациенти. Главна причина за тоа се висок притисок и промени во метаболизмот.
Декубитални рани (decubitus):
Најтешкиот вид на рана е декубитусот. Аргоген спрејот е единствено медицинско помагало во моментот во светот, кој може многу ефикасно и за многу кратко време коплетно да излекува и да санира рана од ваков вид.